|
ДЕЈАН НЕДЕВ ТРЕТ ОД НАЈДОБРИТЕ ОСУМ |
|
|
|
|
понеделник, 21 јуни 2010 |
|
ДЕЈАН НЕДЕВ ТРЕТ НА ИТКФ ЕВРОПСКИOT КУП НА НАЈДОБРИТЕ 8 КАРАТИСТИ НА ЕВРОПА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ ЗА 2010 ГОДИНА 18 ЈУНИ 2010 ВО ВЛОЦЛАВЕК, ПОЛСКА Почитувани,
Ни причинува посебна чест и задоволство што можеме да Ве информираме за постигнатиот резултат на Дејан Недев на одржаниот 4ти. ИТКФ Европски Куп на најдобрите 8 каратисти на Европа во традиционално карате за 2010 година кој се одржа на 18 јуни 2010 година во Влоцлавек, Полска. Дејан Недев овој пат се пласира на високата трета позиција со што и овој пат го потврди својот висок натпреварувачки квалитет. Исто така за одбележување е дека Дејан во елиминационите борби успеа да ги победи сите негови противници вклучувајќи го и победникот на Европскиот Куп пољакот Дамјан Сташек, но подоцна во изведба на кати нашиот натпреварувач беше оштетен од судиите и тоа придонесе да Дејан од првата позиција падне на трета. Натпреварите се одржаа во три натпреварувачки дисциплини и тоа: фукуго, кумите и кати. На Европскиот Куп во Влоцлавек, Полска покрај Дејан учество земаа и најдобрите напреварувачи од: Полска (двајца), Германија, Романија, Украина, Франција и Ерменија. Кај жените победник беше Марта Невчас од Полска.
Со Почит, Елена Пенџерковски Претседател
|