|
Четврто место за Дејан Недев на ЕП |
|
|
|
|
Wednesday, 28 October 2009 |
|
Четвртото место на Дејан Недев во дисциплината фуку-го е најголемиот успех на македонските репрезентативци во традиционално карате на официјалното Европско првенство што се одржа викендов во италијанскиот Казале Монферато.
Македонската традиционална карате федерација известува дека во решавачката борба за бронзен медал против домашниот претставник од Италија, Недев бил оштетен од судиите и спречен да продолжи понатаму за влез во финалето. Нашиот каратист бил подобар и во последната акција направил атрактивен поен, но судиите одлучиле наместо поен да му доделат казна бидејќи, според нив, ударот бил изведен без контрола.
Дејан Недев беше четврти во фуку-го, петти во кумите (борби), а шести во кати. Аљоша Недев го освои осмото место во кати. На ЕП учествуваа 26 репрезентации со повеќе од 280 натпреварувачи.
|