|
5. Светски куп на најдобрите осум каратисти |
|
|
|
|
Thursday, 15 October 2009 |
 Ни преставува посебна чест што можеме да ве информираме за и околу постигнатите резултати на 5. Светски куп во традиционално карате како и за официјалното отворање на Јапонскиот центар за боречки вештини (Стара Вјеж). Ве информираме дека учеството на нашиот репрезентативец Дејан Недев меѓу 8-те топ натпреварувачи на овој светски куп во (Стара Вјеж) Варшава преставува огромен успех за нашата федерација , неговиот пласман на овој куп е на 5-то место. Недев Дејан овој пат остави голем впечаток со високата техника пред присутните и величествено и достојно ја презентираше нашата земја. 5-тиот Светски куп и отворањето на Јапонскиот центар Стара Вјеж го отвори поранешниот претседател на Полска ЛЕХ ВАЛЕНСА а беа присутни премиерите на Полска и Украјна,Јапонскиот амбасадор во Полска,многу министри на владата на Полска и повеќе градоначалници од локалната самоуправа. Инаку Јапонскиот центар се протега на 60 хектара земја со градби во Јапонски стил 12 куќи, спортска сала и помошна сала со капацитет за 600 вежбачи најмодерно опремена. На сликата од лево на десно (Владимир Јорга - Прет. на ЕТКФ, Венцислав Недев, Дејан Недев и Рик Јоргенсен - Прет. на ИТКФ).
|