|
Saturday, 05 September 2009 |
|
Почитувани, Со особена чест и задоволство би сакале да ве информираме дека од 27 август до 3 септември 2009 година во организација на Балканската Традиционална Карате Федерација во Врасна, Грција се одржа Балканскиот Традиционален карате семинар Врасна 2009. Семинарот беше под водство на, во моментов најдобрите карате инструктори во светот и тоа: Др. Илија Јорга 10 дан, Др. Владимир Јорга 9 дан, од Србија Проф. Венцислав Недев 7 дан и сенсеи Дан Ступару 7 дан од Романија. На семинарот земаа учество над 60 каратисти -инструктори и репрезентативци од Македонија, Грција, Србија, Романија, Германија, Бугарија и Словенија. Воедно овој семинар беше подготвителен за каратистите кој треба да земат учество на престојаниот Светски куп на најдобрите 8 каратисти на Светот кој на 11 октомври ќе се одржи во Варшава, Полска како и за Официјалниот ЕТКФ Европски Шампионат за сениори и јуниори кој ќе се одржи на 25 и 26 Октомври во Касале Монферато, Италија. Овој семинар од идната година се планира да прерасне во традиционален и да се држи секоја година, а за наредната година е предвиден и да се држи Балкански Шампионат на истото место во Врасна,Грција. Ви благодариме! Со Почит, МТКФ
|