|
29th ETKF Championship - Casale Monferato, Italy |
|
|
|
|
Wednesday, 21 October 2009 |
|
Почитувани, Ни причинува чест што можеме да Ве известиме дека од 23 до 25 Октомври 2009 во Касале Монферато, Италија ќе се одржи 29-от ЕТКФ Официјален Европски Шампионат во Традиционално Карате за сениори и 12ти. ЕКШ за јуниори. Македонската репрезентација ќе земе учество на Европскиот Шампионат во Италија во скратен состав и ќе брои 6 репрезентативци ,а селекторот Венцислав Недев овој пат се одлучи да патуваат само најквалитетните натпреварувачи од кој се очекуваат високи резултати а тоа се: СЕНИОРИ: 1. Дејан Недев 2. Аљоша Недев 3. Тодор Георгиев ЈУНИОРИ: 1. Матеј Ангеловски 2. Марко Тодоровски 3. Александар Бузлиев На Европскиот Шампионат се очекува да земат учество над 350 натпреварувачи од 30 земји. Натпреварите ќе се одржат во сите напреварувачки дисциплини поединечно и екипно: кати, кумите, фукуго, кого-кумите, енбу, ката тим со бункај и кумите тим. Најголеми шанси за освојување на медал имаат и сениорите и јуниорите предводени од нашиот Дејан Недев. Македонската репрезентација заминува за Италија утре од аеродромот Александар Велики. Со Почит, Елена Пенџерковски Претседател 
|