ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ ОД III. ЕВРОПСКИ КУП НА НАЈДОБРИТЕ 8 КАРАТИСТИ ВО ЕВРОПА ЗА 2008 ГОДИНА НА 7 ДЕКЕМВРИ 2008 ГОДИНА ВО ВАРШАВА - ПОЛСКА
Ни преставува посебна чест што можеме да ве известиме за постигнатите резултати на нашите преставници на Европскиот Куп на најдобрите 8 каратисти во Европа за 2008 година во традиционално карате кој се одржа на 7 декември 2008 година во инпозантната и најпознатата Палата на култура и наука во строгиот центар на Варшава.
РЕЗУЛТАТИ:
МАЖИ:
1. Лукаж Војчек – Полска
2. Даниел Иванек - Полска
3. Владимир Пуча – Украина
4. Дејан Недев – Македонија
5. Мирко Сафиоти - Италија
6. Томас Ел Мароми - Франција
7. Рудолф Бјорн - Германија
8. Мусат Корнел - Романија
ЖЕНИ:
1. Јустина Марчиниак - Полска
2. Марта Невчас - Полска
3. Марија Баришнукова - Украина
4. Корина Андреа Танасеску - Романија
5. Илона Саколиц – Полска
6. Киара Полело - Италија
7. Жаклин Швар - Германија
8. Емилија Јанчевска – Македонија
Европскиот Куп на најдобрите 8 каратисти во Европа беше посветен на легендата и таткото на светското традиционално карате, Претседател на Светската Карате Федерација (ИТКФ) сенсеи Хидетака Нишијама кој на 7 ноември 2008 година почина на 80 години.
Со Почит,
Елена Пенџерковски
Претседател на МТКФ
|