Официјални резултати од светскиот шампионат во традиционално карате за сениори, јуниори, кадети и деца од 12 до 14 март 2010 во Белград, Србија
Почитувани,
Би сакале да Ве известиме за постигнатите резултати на Македонската репрезентација во традиционално карате која зема учество на Светскиот шампионат во традиционално карате за сениори, јуниори, кадети и деца кој од 12 до 14 март 2010 година кој се одржа во Белград, Србија.
Македонската репрезентација беше составена од 38 натпреварувачи, а на шампионатот земаа учество 1356 натпреварувачи од 42 земји.
РЕЗУЛТАТИ:
• Дејан Недев и Даниел Димитриевски – сребрен медал во енбу м/м сениори
• Д.Недев, А.Недев и Д.Димитриевски – бронзен медал во ката тим сениори
• Д.Недев, А.Недев, С.Спасовски, Д.Димитриевски и А.Зврцинов – бронзен медал во кумите тим сен.
• Дејан Недев - 4 место во кати и фукуго поединечно
• Матеј Ангеловски и Александар Бузлиев – бронзен медал во енбу м/м јуниори
• М.Ангеловски М.Тодоровски и Александар Бузлиев - 4. место ката тим јуниори
• Марко Тодоровски и Сара Гичевска - 4. место енбу м/ж јуниори
• Леонид Киселовски – златен медал во кихон кумите (деца од 6 до 8 год.)
• Сара Киселовска – златен медал во кихон кумите (деца од 6 до 8 год.)
• Леонид Киселовски и Бобан Митревски – сребрен медал во енбу м/м (деца од 6 до 8)
• Л.Киселовски, Б.Митревски и К.Петревски – сребрен медал ката тим (деца од 6 до 8)
• Л.Киселовски и С.Киселовска – бронзен медал во енбу м/ж (деца од 6 до 8)
• Теодор Бошков – бронзен медал во кихон кумите (деца од 6 до 8)
Со Почит,
Проф. Венцислав Недев
Селектор